Vase AMANITO's profile

Фотографии за Родителска куќа Пеперутка

Пеперутка е здржение за борба против рак и леукемија кај децата

Терапијата за децата кои боледуваат од рак и леукемија е долга и може да трае од три месеци до три години и налага чести и редовни посети во болница, понекогаш со долготрајни периоди на хоспитализација. 
Семејствата кои не живеат во главниот град се изложени на дополнителен стрес бидејќи треба да патуваат од внатрешноста во Скопје и истовремено се соочуваат со непредвидени финасиски трошоци. Бидејќи најчесто мајката е сместена со детето, на другиот родител или членови од семјството потребно им е сместување. Понекогаш и децата во периодот на паузи од една до друга терапија, или пак за време на радиотерапија кога не мора да престојуваат во болница потребна им е куќа далеку од нивниот дом.
Престојот во куќата варира од една недела до девет месеци, па дури и подолго.

Во 2014 година здружението Пеперутка ја отвори првата родителска куќа наменета за родителите чии деца се лекуваат на одделот за хемато-онкологија при Универзитетската клиника во Скопје, а се од внатрешноста на Македонија. Целта на родителскиот дом е сместување на семејството додека детето е на лекување. Куќата е сместена е во близина на Детската клиника, во строгиот центар на Скопје. Родителскиот дом располага со четири апартмани на површина од 120м2, комплетно опремена кујна и бања, како и соба за дневен престој и катче за игра на децата.
Фотографии за Родителска куќа Пеперутка
Published:

Фотографии за Родителска куќа Пеперутка

Мал придонес со фотографии за Родителска куќа Пеперутка

Published:

Creative Fields